Македонија
24. October 2015 - 12:46

Промоција на книга од Христо Петрески во Белград

Во рамки на Меѓународниот саем на книгата во Белград, ќе се одржи промоција на книгата „Продавница на чист воздух“ од Христо Петрески.

Издавач на книгата е Издавачката куќа „Арте“ од Белград, а преведувач на расказите е Жарко Милениќ.

Промоцијата ќе се одржи во промотивниот простор на Министерството за надворешни работи на Република Србија.

Инаку, во книгата се објавуваат раскази од трите книги на Петрески и тоа: „Продавница на чист воздух“; „Добриот ѓавол“ и „Трета среќа“.