Македонија
1. November 2017 - 8:31

Промоција на Јубилеен зборник по повод 50 години од прогласувањето на автокефалноста на МПЦ-ОА

Јубилеен зборник по повод 50- годишнината од прогласувањето на автокефалноста на Македонска православна црква - Охридска архиепископија ќе биде промовиран денеска во свечената сала на Архиепископскиот соборен храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

Промотори на изданието на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ - Скопје, се епископот Хераклејски г. Климент и проф. д-р Пол Мојзес, главен уредник.