Промоција на избрани драми од Плевнеш во Белград
Во Музејот на театарска уметност во Белград вечер ќе биде промовирано издание со избор драми од писателот Јордан Плевнеш преведени на српски јазик, насловено „Среќата е нова идеја во Европа“.
Во изборот се застапени шест драми: „Вечната куќа“, „Р“, „Македонски состојби“, „ЈУ антитеза“, „Еригон“ и „Среќата е нова идеја во Европа“. Драмите се во превод на академик Ристо Василевски, а предговорот со наслов „Плеј Плевнеш“ е на српскиот театарски и филмски режисер Бора Драшковиќ.
Изданието е збогатено со извадоци од критики за делото на Плевнеш од светскиот печат и од најзначајните имиња на српската театарска критика кои пишувале за неговите драми, како што се Владимир Стаменковиќ, Јован Ќирилов, Драган Клаиќ, Јован Христиќ, Мирјана Миочиновиќ и други.
За драмскиот опус на Плевнеш ќе говорат Бора Драшковиќ, Радомир Путник, Мето Јовановски и Ристо Василевски.
Симболично ова издание го означува 35-годишното присуство на драмите на Плевнеш на театарските сцени во Србија, каде што добиле и Стериини награди на престижниот театарски фестивал во Нови Сад.
Минатата година за романот „Осмото светско чудо“ Јордан Плевнеш беше награден на Меѓународниот саем на книгата во Белград.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО