Македонија
22. October 2015 - 8:37

Промоција на избрани дела од писателот Бранко Цветковски

По повод годишнината од формирањето на Академијата на убавите уметности Вевчани (АУУВ) денеска ќе се одржи промоција на избраните дела од истакнатиот македонски писател Бранко Цветковски.

За неговото богато литературно творештво ќе зборува писателот Братислав Ташковски, а фрагменти од книгите ќе чита актерот Роберт Вељјановски, Директор на Драмскиот театар Скопје.