Македонија
10. April 2019 - 8:30

Промоција на иницијатива која обединува десет илјади Роми од 14 градови

Десет илјади граѓани Роми од 14 градови во земјава има за цел да обедини иницијативата Аваја, која ќе биде промовирана денеска. Иницијативата има цел и да ги поттикне гласачите Роми да учествуваат на претстојните претседателски избори и да бидат дел од одлучувачите.

Со учеството на изборите Ромите имаат можност да ги пренесат своите колективни интереси кои ќе бидат дел од барањата до кандидатите за претседатели на државата, сметаат од иницијативата.

Аваја ќе биде промовирана во просториите на здружението на граѓани „Ромаверзитас“, а нма конференцијата ќе говорат граѓанските активисти Елвис Шаќири и Акиф Кариман.