Македонија
29. March 2018 - 8:34

Промоција на илустрираниот роман за деца „Традицијата низ перото на баба“

Илустрираниот роман за деца „Традицијата низ перото на баба“ од авторот Јадранка Клисарова вечер ќе биде промовиран во книжарницата „Тримакс“ во ТЦ „Скопјанка“. 

Делото го издаде издавачката куќа „Тримакс“, а рецензент е унивиерзитетската професорка Јасна Котеска.

Според издавачот, пожелно е секое семејство во својата домашна библиотека да го има овој роман за деца. Со него децата од најмала возраст може да се запознаат со нашата богата традиција, која е претставена низ христијанските празници и обичаи кои ги применува семејството.