Промоција на главните достигнувања на Програмата за регионален економски развој во Македонија
Промотивен настан „Поддршка на регионалниот економски развој: Регионален развој преку одржливи проекти” на Програмата за регионален економски развој во Македонија која се спроведува од страна на Германското друштво за меѓународна соработка, ќе се одржи денеска во Скопје.
На настанот ќе се обрати заменик-претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и координација на економските ресори, Владимир Пешевски.
Главната цел на настанот е да се промовираат главните достигнувања на Програмата за регионален економски развој во Македонија, финансирани преку грант од страна на Делегацијата на ЕУ и поединечно да се презентираат резултатите и влијанието од Шемата за финансиска поддршка реализирана во соработка со советите и центрите за регионален развој во земјата.
Ново на Сител
-
Обвинувања за криминал со превозот на ученици во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Голема полициска акција - Приведени 23 лица поврзани со криминали во РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј и Неготино
-
Мицкоски: Уште многу криминали ќе бидат обелоденети во следниот период
-
ВРЕДИ: Ахмети да признае дека згреши што го штитеше Груби
-
Центрите втор дом за лицата со попречености
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Јове Кекеновски