Македонија
25. September 2018 - 9:22

Промоција на две поетски збирки од Ристо Маџунков

Вечер во фоајаето на НУЦК „Антон Панов“ ќе се одржи промоција на двете поетски збирки, „Прашинки“ (2017) и реобјавената „Вечен збор“ (1992, 2018) од Ристо Маџунков.
 
Организатор на настанот е издавачката куќа „Антолог“ од Скопје, каде се објавени поетските книги. На промоцијата ќе говорат: Жарко Кујунџиски, главен уредник во „Антолог“, Иван Котев, проследувач на книжевноста и културен деец, Ацо Гогов, драматург и книжевен критичар, Трајче Бјадов, рецензент и промотор на поезијата, а стихови ќе читаат Наташа Василевска Трајчевска, Мариета Дукиќ и Сузана Мицева.