Бизнис
7. October 2017 - 9:50

Промоција на апликацијата „Органски пат“

Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ), Асоцијацијата за развојни иницијативи „Зенит“ и Здружението на агро-новинари „Медиа Плус денеска ќе ја промовираат  апликацијата „Органски пат“ за мобилни телефони. 

Апликацијата овозможува пребарување и планирање посета на производители на органска храна во Македонија, ресторани, продавници, сместувачки или туристички објекти кои нудат органска храна.

Изготвена е во рамки на проектот „Преминете на органско - потрошувачите во фокусот на земјоделската политика”, финансиран од Европската унија со цел  подигнување на јавната свест и зголемување на довербата на потрошувачите во органското производство, неговите здравствени, еколошки и социјални бенефити.