Македонија
14. December 2016 - 8:42

Промоција на Антологија на современета словенечка поезија

Антологијата на современата словенечка поезија „И ти светнува парче убавина“, во избор и препев на Викторија Блажевска и Соња Должан вечер ќе биде промовирана во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ во Скопје.

Промотори на Антологијата се проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска и амбасадорот на Словенија во Република Македонија Милан Јазбец.

Изданието финансиски е помогнато од Трубарјев склад при Друштвото на писателите на Словенија и Амбасадата на Република Словенија во Македонија.