Бизнис
12. May 2017 - 18:39

Прометот во индустријата со скромен раст на домашниот и голем скок на странските пазари

Расте прометот  во индустријата и на домашниот и на странските пазари.  Во март  во одност  на истиот месец лани прометот  остварен дома е зголемен за 2,7 отсто,а на странските пазари за 20 отсто, објави статистика.

Бројките покажуваат дека растот на прометот на домашен пазар во однос на странските е многу помал,  што може да се поврзе  со политичките случувања во земјава. Додека  пак двоцифрениот раст  на прометот  на странските пазари  главно се должи на компаниите од зоните. Ова е уште еден доказ дека случувањата во земјава не влијаат на работата на странските инвеститори кои се извозно орјентирани.

Тоа го го потврдуваат и нивните менаџери. Кризата не им ги намалила нарачките. Дел од нив најавија дека ќе го зголемат и производството тука.

Гледано по сектори  во Рударство и вадење на камен во март ,во однос на март 2016 година,  прометото бележи пораст од 15.8%, во  Преработувачка индустрија 16.7%. Кај интермедијарните производи освен кај енергијата раст има од 23 отсто, кај Капиталните  22.8%  и кај трајни производи за широка потрошувачка 20.7%. Минимално опаѓање на прометото е регистриран  кај нетрајни производи за широка потрошувачка од  1.8%.