Прометот во индустријата намален на месечно, зголемен на годишно ниво
Прометот во индустријата, вкупно, во јуни во однос на мај годинава се намалил за 7,5 отсто, а споредено со јуни лани за 4,7 отсто, додека во првата половина од годинава во однос на истиот пероид од минатата година се зголемил за 9,5 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.
Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во јуни 2019 година, во однос на јуни 2018 година, е намален кај Интермедијарни производи, освен енергија, за 5,3 проценти, Капитални производи за пет проценти, Tрајни производи за широка потрошувачка за 9,6 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,4 проценти.
Прометот во индустријата на домашниот пазар, во јуни 2019 година, во однос на јуни лани е намален за 3,2 отсто, во однос на мај годинава за 5,9 отст, а во првите шест месеци од годинава во однос на истиот период лани бележи раст од 0,3 отсто.
На странските пазари прометот во индустријата во јуни година, во однос на јуни лани е намален за 5,3 отсто, споредено со мај годинава за 8,8 отсто, додека во периодот јануари јуни годинава во однос на истиот период лани раст од 12,6 отсто.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација