Бизнис
11. August 2017 - 20:13

Прометот во индустријата бележи пад на домашниот, раст на странските пазари

Расте продажбата на индустриски производи надвор од земјава, но се намалува на домашниот пазар. Статсистика бележи дека во јуни прометот кон странство се зголемил за 13 отсто. Дома има намалување  за 4,6 отсто. По сектори најголем раст има преработувачката индустрија од скоро 10 отсто. Според главните индустриски групи најголем пораст на промет има кај интермедијарните , по што следат капиталните производи и нетрајните за широка потрошувачка. Кумулативно од јануари до јуни прометот со индустриски производи споредено со истиот период лани е зголемен за 9 отсто. Растот се должи на зголемениот извоз  кој во првите 5 месеци порасна за 15 % споредено со истиот период лани.

Ова покажува дека економијата постепено се опоравува а странските партнери ја враќаат довербата  кон домашниот бизнис.

Минатиот месец индустријата оствари раст на производството за 4 отсто, откако претходно 4 месеци беше во негатива. И бизнисмените очекуваат стабилизација на економијата.

И од Народната банка соопштија дека се очекува вториот квартал да биде подобар.

Во првиот квартал од годината економијата стагнираше. До крајот на годината Владата прогнозираше дека БДП ќе оствари раст од 2,2 отсто.