Бизнис
15. March 2019 - 14:03

Прометот на индустријата бележи раст на странските, пад на домашниот пазар

Прометот во индустријата, во јануари 2019 година, во однос на јануари 2018 година, бележи зголемување од 6,9 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во јануари 2019 година, во однос на јануари 2018 година, бележи пораст кај капитални производи за 24,4 отсто и трајни производи за широка потрошувачка за 9,6 отсто, додека опаѓање бележи кај интермедијарни производи, освен енергија за 11,9 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,4 отсто.

Прометот во индустријата, во јануари 2019 година, во однос на декември 2018 година, бележи раст од еден отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, прометот во индустријата на домашниот пазар, во јануари 2019 година, во однос на јануари 2018 година, бележи намалување од 8,6 отсто.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во јануари 2019 година, во однос на јануари 2018 година, бележи пораст кај капитални производи за 16,9 отсто и трајни производи за широка потрошувачка за 16,6 отсто, додека опаѓање бележи кај интермедијарни производи, освен енергија за 21,8 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,5 отсто.

Прометот во индустријата на домашниот пазар, во јануари 2019 година, во однос на декември 2018 година,  бележи пад од 32,4 отсто.
 
Според податоците на Државниот завод за статистика, прометот во индустријата на странските пазари, во јануари 2019 година, во однос на јануари 2018 година, бележи раст од 11,5 отсто.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во јануари 2019 година, во однос на јануари 2018 година, бележи пораст кај Капитални производи за 25,7 отсто и трајни производи за широка потрошувачка за 11,1 отсто, додека опаѓање бележи кај интермедијарни производи, освен енергија за 10,2 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,3 отсто.

Прометот во индустријата на странските пазари, во јануари 2019 година, во однос на декември 2018 година, бележи раст од 14,3 отсто.