Македонија
28. August 2018 - 8:17

Променливо облачно време со повремен дожд

 Времето во Македонија претпладне ќе биде променливо облачно со локален слаб дожд. Попладне во источните делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а  дневната од 20 до 30 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 27 степени.

Од среда ќе настапи стабилизација на времето со пораст на дневната температура.