Македонија
9. July 2018 - 8:41

Променливо облачно со сончеви периоди, а попладне не очекува пороен дожд

- Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, околу пладне и попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во западните и крајните источни делови.

Ќе дува умерен северен ветер, особено вдолж Повардарието. Минималните температури ќе се движат од 11 до 18, а макималните од 21 до 30 степени целизусови. УВ индексот ќе изнесува 7.

Како што информираат од УХМР, во вторник ќе настапи постепена стабилизација на времето, но во северните делови се уште ќе има услови за краткотраен попладневен дожд. Потоа следува период на претежно сончево и топло време.