Македонија
16. April 2021 - 8:25

Променливо облачно со подолги сончеви периоди во источните делови

Променливо облачно со подолги сочеви периоди во источните делови. На планините на северозапад ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој понекаде вдолж Повардарието краткотрајно ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18 степени.

Под влијание на влажна воздушна маса од утре кон крајот на денот следува период на пооблачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Најоблачно и најврнежливо ќе биде во сабота и во понеделник, кога на места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи.