Променливо облачно со локален дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено во западните делови. Можна е и ретка појава на грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени. УВ индексот ќе изнесува 6.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со услови за локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 22 степена.
Според УХМР, до среда ќе се задржи променливо облачно време со повремен локален дожд и со потпросечни дневни температури за овој период од годината. Попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Утре и во вторник ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Од четврток се очекува постабилно и значително потопло време.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Маркетите кои картелски се здружуваат, ќе одговараат
-
Значајна инвестиција
-
Дисциплинска комисија ќе утврдува зошто доктор уролог „хистерично“ викал во амбулантите на клиниката
-
Милорад Додик осуден на една година затвор
-
Месец на франкофонијата
-
Економијата тоне
-
Членовите на Судски не чувствуваат одговорност во пресрет на интерпелацијата
-
Сончогледот повторно се враќа на македонските полиња