Македонија
3. December 2021 - 8:00

Променливо облачно, попладне локален дожд и снег на повисоките планини

Времето денеска ќе биде променливо облачно со умерен, повремено засилен јужен ветер. Попладне и во вечерните часови ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежи од снег.  Минималната температура ќе биде во интервал 2 до 8, а максималната од 10 до 16 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со умерен, повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 13 степени.

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека од денеска претстои период на променливо облачно време со врнежи од дожд, а на планините од снег. Повремено врнежите ќе бидат пообилни. Во сабота кога ќе настапи преодно стабилизирање.

-Во почетокот на идната седмица поради заладување, врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места, соопшти УХМР.