Македонија
18. October 2021 - 8:04

Променливо облачно и потопло време со услови за локален краткотраен дожд

Променливо облачно и потопло време со услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од 3 до 10 степени, а дневната од 12 до 21 степен.

Слично време ќе преоладува и во Скопје каде максималната дневна температура ќе достигне 17 степени.

За утрешниот ден метеоролозите најавуваат наутро појава на магла по одделни котлини, преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската магла ќе се задржи и во наредните денови за кога се најавува преку денот сончево и потопло време со мала до умерена локална облачност.