Променливо и посвежо со повремен дожд и ветер
– Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и посвежо. Во северозападните делови ќе има услови за повремен слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и посвежо. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 24 степени. До четврток под влијание на продор на постудена воздушна маса ќе преовладува променливо облачно и значително посвежо време со умерен до засилен ветер од северозападен правец.
Од четврток утринските температури ќе бидат особено ниски, а од петок повторно ќе има пораст на дневните температури.
Ново на Сител
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Од утре започнува изборниот процес - Во домашни услови ќе гласаат болните и изнемоштените лица
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Тема на денот со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски
-
Конкурсот за АСЈО повторно пред Уставен, одлука ќе носи вечерва
-
Со куфери и авионски билети приватните специјализанти протестираа пред Министертсвото за здравство