Македонија
17. December 2020 - 16:44

Промените во законот за државјанство ги поделија партиите

Албанските опозиционери Села и Гаши остануваат осамени во идејата македонско државјанство да добие и граѓанин за кој тројца сведоци ќе посведочат дека живееле на македонска територија до 8-ми септември 1991 година или пак, и се уште живеат тука, но се без решен статус.

Иако предлог-законот на Алтернатива и Алијанса на Албанците ја доби поддршката од власта за потреба од негово донесување сепак, таа не дава поддршка за неговата содржина. 

Од СДСМ велат дека постои потреба од закон за државјанство особено за да се реши статусот на оние затекнати граѓани при распадот на СФРЈ што живееле тука, а кои остане без државјанство. Сепак, според нив критериумите за добивање на ваков статус во законот на Алијанса и Алтернатива е спорен, па затоа нема да го поддржат и ќе предложат свои амандмани.

Од колицискиот партнер на СДСМ – Демократскиот сојуз пак, велат дека измените ќе влијаат на пописот и ќе направат етнички дисбаланс.

Интергративците засега јавно не се изјаснуваат за законското решение.

Од Алијансата и Алитернатива велат дека немаат политички калкулации со законот.

Според неофицијалните информации, иако потребата за носење на законот ќе се носи по скратена постпака, сепак низ собраниската процедура ќе се движи побавно.