Македонија
1. February 2016 - 19:31

Променета сценската, светлосната и тонската опрема во 8 театри низ земјава

Нова сценска,светлосна и тонска опрема  добија осум театри во Македонија.

Проектот на Владата и Министерството за култура  за набавка на нова опрема  кој започна во 2013 година , е комплетно реализиран и завршен.

Со новата квалитетна и софистицирана опрема од најреномирани  брендови,  се замени старата и  дотраена  опрема која повеќе децении  била користена.

За оваа намена Министерството за култура  во три буџетски години (од 2013 до 2015 година)  издвои 17,6 милиони денари.