Пролетно чистење на реката Треска и езерото Младост
Градот Скопје во соработка со нуркачкото друштво „Врело“ од Скопје и со Министерството за животна средина и просторно планирање, организира чистење на бреговите на реката Треска и на езерото Матка по повод 22 март Светскиот ден на водите.
Од градот информираат дека во акцијата за расчистување на цврстите отпадоци од зелените и од јавните површини на овие локации се вклучија претставници на администрацијата на Градот Скопје, заменик-министерот за животна средина Стево Темелковски, претставници на МЖСПП, невладини организации и граѓани. Нуркачите од „Врело“ помогнати од нивни колеги од Неготино и од Охрид отстрануваа отпадоци од езерото Матка.
Светскиот ден на водите се одбележува со цел да се истакне важноста на водата за животот и за опстанокот на живиот свет, но и да се нагласи фактот дека светот се движи кон времето кога потребата за вода ќе ги надмине залихите. Проценка на светските експерти е дека 1,1 милијарда луѓе нема пристап до вода за пиење, а 2,5 милијарди луѓе немаат обезбедени елементарни санитарни услови.
Одбележувањето на светскиот ден на водите почна од 1993 година, врз основа на Резолуција на Генералното собрание на Обединетите нации од 1992 година. Оваа, 2016 година, темата на одбележувањето на овој ден - „Подобра вода, подобри работни места“ се фокусира на тоа дека доволно количество и квалитет на вода може да го промени животот и благосостојбата на работниците и дури да трансформира општества и економии, затоа што денес во светот 1,5 милијарди луѓе работат во сектори поврзани со водите
Ново на Сител
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица