Македонија
10. April 2018 - 8:46

Пролетни температури во Скопје

Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Утринската температура ќе се движи од два до девет степени, а дневната од 16 до 26 степени. 

Во Скопје слично време, со темепратура до 24 степени.

Во наредните денови ќе преовладува претежно стабилно и потопло време со дневни температури кои речиси насекаде ќе надминуваат дваесет степени.

В среда температурите ќе се движат од 19 до 25 степени, в четврток од 20 до 27, а в петок од 21 до 28 степени. За викендот температурите ќе бидат од 19 до 27, т.е. од 18 до 24 степени.