Пролетна сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа
Функционирањето на демократските институции во Турција ќе биде во фокусот на пролетната пленарна сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) што ќе се одржи во Стразбур од 24-28 април 2017 година, јавува дописникот на МИА од Стразбур.
Меѓу другите теми за кои ќе расправаат претставниците на парламентите на 457 земји членки на Советот на Европа се и дебатата за состојбата на човековите права во Северен Кавказ, на зголемувањето на нееднаквоста во приходите, како и заштитата на жените бегалци од родово насилство.
Пред ПССЕ ќе се обрати и Неговото Височество Кралот на Шпанија и претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос.
Комесарот за човекови права, Нилс Муижниекс, пред паневропскта асамблеја ќе го претстави својот годишен извештај за активности за 2016 година, додека Торбјорн Јагланд, генералниот секретар на Советот на Европа, ќе одговара на прашања од пратениците, а во својство на претседавач со Комитетот на министрите ќе зборува и министерот за европски прашања на Кипар, Јоанис Касулидес.
На сесијата ќе се дискутира и за 25 години на Комитетот за спречување на тортурата со темата: напредок и подобрувања., потоа пренасочување на системот Интерпол: потребата за построги законски гаранции и Заштита на правата на родителите и децата кои им припаѓаат на верските малцинства.
Поднесени се и барања за итни дебати за „Политичките последици од новиот израелски закон за регулирање на колониите", како и за „Опасноста за европските вредности: како да се соочиме со порастот на популизмот, ксенофобијата, антисемитизмот и исламофобијата во Европа. Во овој контекст ќе се зборува на сесијата, но и на маргините на сесијата за последните изборни резултати во Европа, посебно Франција. каде претставникот на крајно десниот Национален Фронт освои рекорден број на гласови и се наоѓа во вториот круг на претседателските избори.
На пролетната сесија повторно ќе биде остсутна македонската парламентарна делегација, која се уште не е составена по изборите во декември 2016 година.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари