Балкан
13. January 2017 - 20:57

Прокурдска пратеничка е осудена на четири години затвор во Турција

Прокурдската пратеничка Нурсел Ајдоган од опозициската Демократска партија на народите (ХДП) беше осудена денеска на четири и пол години затворска казна за „злосторства во името на терористичка организација“, јави ДПА. 

Адвокатот на Ајдоган, Абдулкадир Гулеџ изјави дека ќе поднесе жалба на одлуката. 

Во одлуката судот во Дијарбекир го посочува учеството на Ајдоган пред шест години во погребот на членовите на забранетата Курдска работничка партија (ПКК). 

Таа беше уапсена на 4 ноември 2016 година. 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и Владата често ја обвинуваат ХДП за врски со ПКК. ХДП ги негира тие обвиненија. 

Единаесет пратеници од ХДП во моментов се уапсени.