Живот
21. October 2015 - 15:07

Проколната куќата Големиот Брат: Убиства, несреќи и кошмари за станарите на Кошутњак!

Откако влегоа во куќата во Кошутњак во Белград, најгледаното шоу на Балканот „Големиот Брат“ се жалат на необична галама. Шушкањата не престанаа ниту кога Васиќ и Стефани од изолација се вселија во главниот објект па некој заклучија дека ги прогонуваат духови и вампири.
 
- Веќе со денови чудно се чуствувам и не можам да спијам од неудобност. Само се вртам во креветот. Нешто се слуша, им се пожали Раде (55) на своите синови Гиба и Мика (23). Главата на фамијата Васиќ многу го мачат звуците за кои не знае од каде доѓаат, па сите околу себе ги уверуваше дека навечер им доаѓаат вампири. Со него делумно се согласи и Стефани. Пред да излезе доброволно во неделата, таа на станарите им додвори дека веќе некое време ја мачи несоница поради чудна галама од соседството. кога ќе успеела да заспие, често имала кошмари.
 
- Која е оваа луда куќа. Сонував дека Ервин ме оставил за Нова Година и отишол со Барбара, а Горан ме силувал изјави Стефани Баниќ.
Проблеми со куќата во Кошутњак почнаа пред второто реагионално реално шоу. Дури и Баба Ванѓа, починатата бугарска пророчица, своевремено изјавила дека Кошутњак е проколнато место и извор на бројни несреќи.
 
Откако во државите на поранешна Југославија се прикажува „Големиот Брат“, имало шест смртни случаеви поврзани со шоуто. На Кошутњак во 1868 година настрадале и српскиот кнез Михаило Обреновиќ и неговата роднина Анка, додека возела на кочија ги убиле браќата Коста, Павле и Џорџе Радовановиќ. Браќата се осветиле затоа што Михаило го затворил нивниот четврти брат Љубомир, а во градските кулоари се шушка дека од тогаш тоа место е проколнато.
 
Градоначалникот на Белград најави дека ќе ја руши куќата на Големиот Брат, а парцелата ќе ја пренамени за потребите на децата.
 
Емир Кудозевиќ, некогашниот станар во српскиот „Големиот Брат“, на крајот од декември 2007 година поради премногу брзо возење излета од автопат, преврте на кров и слета во река.
Во несреќа на автопатот Обреновец - Шабац загинале и Стеван Зачевиќ и Зорица Лазиќ. Двете момчиња и девојката се запознале и зближиле во реалното шоу, а продолжиле да се дружат и потоа. Со тројката патувале Тања Обрадовиќ и Јелена Жежељ, исто така биле во Големиот Брат, но се возеле во автомобилот пред нив.
 
Филип Каписода, црногорски манекен поранешен станар во „ВИП Големиот Брат“ во 2010 ја уби својата девојка Ксенија Пајчин, а потоа си пресуди самиот на себе. Српската пејачка сакал да ја прекине врската со Филип, но тој тоа не го прифатил.
Проклетството на реалното шоу не ја заобиколи и Милица Мајторовиќ (26). Атрактивната бринета од Крагуевац во 2008 година се натпреваруваше во српскиото талент шоу „Операција Триумф“, кое исто така се снимаше во Кошутњак. Милица поради несреќна љубов неколку пати сакаше да се предозира со апчиња за спиење, а боледуваше од депресија. Пред пет години колабрираше зошто испила премногу антидепресиви.
Антал Скенджиќ (28) поранешен станар во Големиот Брат, кој не криеше дека сака девојки и машки, пред осум години со нож ја усмрти својата мајка. Ја прободел во срце, а на суд го негирал злочинот. Мајката и синот таа кобна вечер организирале забава за пријателите во родниот Зрењанин.
Црногорскиот пејач Данијел Алибабиќ (29) и саервскиот актер Драган Миронковиќ (47) по учеството на првиот „ВИП Големиот Брат“ се жалеле дека со месеци имале кошмари од Кошутњак