Балкан
22. May 2016 - 14:33

Проклета матура 2016: По ученичката почина и професор

Професорот по биологија во средното училиште во Жепча Михад Цикотиќ починал на прославата на матура каде со своите ученици го славел крајот на школската година.

Според изјавите на сведоците, на Цикотиќ му се слошило и паднал на под. За жал му немало спас, и починал на пат кон болница.

Како што јавуваат босанските медиуми, професорот не бил под дејство на алкохол, но бил дијабетичар.

Матураните од училиштето биле шокирани и ја прекинале забавата.

Пред два вечери почина 17-годишната матурантка Николина Р. додека прославува со своите врсници. Имала проблеми со срцето и починала од срцев удар.