Бизнис
3. April 2018 - 17:13

Производителите на зелка од Муртино повторно излегоа на протест

Производителите на зелка од Муртино повторно излегоа на протест. Реагираат на паѓањето на цената од 30 на 25 денари за килограм. Нивното незадоволство го изразија со блокирање на центарот на селото, но и  влезот на еден од откупните пунктови. Велат повторно се јавува истиот проблем како и претходните години, навечер подигаат амбалажа на една цена, а кога ја предаваат стоката добиваат друга, пониска од договорената.

,, Секоја година истиот проблем. Ние се согласуваме цената да ни ја кажат од вечер, а не кога ќе отидеме на магацините ако е 25 денари да ни кажат 20 денари.,, вели САШКО ГОШЕВ – ЗЕМЈОДЕЛЕЦ

,, Минатиот пат ветија дека цената до Велигден ќе биде  30 денари, а еве сега 25 денари.,, вели ПАНЧЕ ПАЛАНКОВ – ЗЕМЈОДЕЛЕЦ

,, Во рок од 10 дена три пати се менува цената. Дали таму тие пазари низ странство се преполнети?  Нема никакви  неделени откупни цени, какво објавување. Денеска ако е 30 утре е 20 денари.,, вели ТРАЈКО ПАНДЕВ - ЗЕМЈОДЕЛЕЦ

Земјоделците од Муртино бараат  инспециите да излезат на терен ,  средба со претставници од  ресорното министерство, но  и  почитување на  ветувањето кое го добиле минатата недела, цената до Велигден да остане 30 денари. Велат дека не отстапуваат од нивните барања и доколку ваквата состојба продолжи најавуваат уште помасовни протести.