Бизнис
6. July 2018 - 20:56

Производителите на лубеници со блокади бараат повисока откупна цена

Производителите на бостан  од неколку подбеласички села излегоа на улица.  Незадоволството од моменталната состојба со откупот го изразија со мирен протест и блокада на клучката  кај селото Смолари, на магистралниот пат  што  води кон граничкиот премин Ново Село.  Со блокадата сакале уште еднаш да испратат порака до ресорното министерство за лошата состојба во која се наоѓаат.  Велат се откупуваат  незначителни количини и со цени под секоја економска логика. Една тракторска приколка  ја продавале за  помалку од 50 евра.

,, Цената е од два до три денари, а 90% од бостанот се зема од прилика, тие другите ситни трговци го земаат по денар . Сега да ви кажам како е, значи 4,5  тони приколица ја земаат од 2000 до 3000 денари , а тоа внатре има околу 450 лубеници.

Производителите уште еднаш го повикаа министерот да ги посети и лично да се увери во состојбата. Бараат формирање на  комисии кои ќе направат увид на теренот и обесштетување на на родот кој останал  по нивите.

,, Нашите барање се ако може да се формира некако општинска комисија со помош на месните заедници од овие села што садиме бостан, да се излезе на терен и ако може некако да не обесштетат бидејќи лани имаше некој вид на обесштетување, им благодариме, тоа лани беше по два денари од кило на предаден бостан ама имаше дата, од трети до петанесетти.

Од подрачната единица на министерството за земјоделие повикаа да не се манипулира со земјоделците додавајќи дека откупот тече непречено.

,, Сакаме да ја информираме македонската јавност да не се манипулира со нив дека нема откуп на бостан. Како што гледате позади нас откупот тече и ќе продолжи да тече. Досега има откупено околу 800 тони на бостан, а во наредните денови ќе се откупи околу 300 тони бостан со што ќе се реши проблемот со вишокот на бостан.

Земјоделците најавија дека денешната блокада била  предупредувачка, а  доколку не им бидат исполннети барањата се заканија со порадикални чекори.