-->
-->
Произведена прва чоколада против менструални болки
-->
Милиони жени ширум светот ќе бидат воодушевени од новата чоколада, специјално наменета за понежниот пол, која ги намалува менструалните болки.
Инаку, чоколадата ја измисли маж. Станува збор за Швајцарецот Марк Вилмер.
Тој ја произвел чоколадата „Фрауенмонд“, која содржи 17 различни швајцарски планински билки, кои во комбинација со какаото го подобруваат расположението и смируваат.
Чоколадата содржи 60 отсто какао, а токму високот ниво на магнезиум во неа го опушта телото и спречува грчеви и овозможува лачење на серотонин, хормонот на среќата.
Вилмен на оваа чоколада работел три години, а за сега таа може да се купи единствено во Швајцарија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи