Македонија
24. September 2017 - 18:25

Прохоров: Во Саса управувачката структура останува на „Линкс ресурсис“, се менува главниот инвеститор

Во рудникот Саса кај Македонска Каменица нема да има промена на управувачката стурктура. Компанијата „Линкс ресурсис“ останува единствен учесник во правното лице Рудник Саса Дооел.

Ова го соопшти директорот за инестиции од Рудникот Саса Максим Прохоров по информацијата дека казахстанскиот производител на бакар „Централ Азија Металс ПЛЦ“ ги информирал своите акционери дека ја прифатил понудата за купување на македонскиот рудник „Саса“ за сума од 402,5 милиони долари.

Прохоров потенцира дека според информациите со кој располага рудникот Саса оти  станува збор за промена на главниот инвеститор, но управувачката структура останува на „Линкс ресурсис“.

Инаку, во 2015 година рускиот инвеститор СОЛВЕЈ се повлече од Саса и управувачкиот пакет беше преземен од страна на Комнпанијата „ ЛИНКС Ресурсис“.

Според објавата на лондонски „Фајненшл Тајмс“, казахстанската компанија постигнала договор со сегашниот сопственик на „Саса“, „Орион Ко-Инвестментс енд Фјужн Кепитал“ за откупавање на рудникот заедно со долговите и активата.

Според извршниот директор на „Централ Азија Металс“, Ник Кларк оваа купопродажба ќе и обезбеди на компанијата производство на метали со ниски трошоци и долгорочни операции, кои се очекува да генерираат позитивни финансиски приливи во цел еден деловен циклус.

Минатата година рудникот „Саса“ произведе 22.515 тони концентрат на цинк и 28.955 тони концентрат на олово.