Македонија
6. December 2018 - 19:49

Прогресивниот данок негативно ќе влијае на туризмот

Даночните реформи ќе го отежнат работењето на приватните станоиздавачи и хотелиерите  .Стопанските комори бараат тие да се одложат за пет години бидејќи лошо ќе влијаат во туризмот.Зголемувањето на даночната стапка за закуп за 50 %, ќе биде силен удар за оние кои изнајмуваат апартмани а ги има во огромен број во охридскиот регион.

По теркот на субвенциите на тур операторите кои даваат позитивни резултати од стопанските комори бараат субвенции да добиваат и хотелиерите и угостителите.

Растечкиот тренд во македонскиот туризам и неговиот потенцијал бараат соодветни стандарди,но потребни сe законски измени и нови регулативи беше заклучено на денешниот форум Стратешки развој на туризмот и ефектите на државната политика за негова поддршка .