Бизнис
8. November 2018 - 19:17

Прогресивниот данок ќе удри по берзанското работење

Прогресивниот данок ќе удри и  по берзата која во изминатиот период одвај успеа да излезе од долгогодишната стагнација. 

По бизнис секторот и брокерите  затечени од даночната реформа  на Владата. Велат дека таа е избрзана и серизоно ќе удри врз нивната работа. Луѓето ќе бидат порезервирани во тргувањето,  а тоа дирекно ќе влијае на намалување на прометот.  Посочуваат дека со реформата нема да се јави само финансиски туку и технички  проблем за кој се надеваат дека УЈП ќе има пософистицирано решение.

 – Сметаме дека серизоно ќе влјае на намалување на тргувањето а со тоа и ќе се намали прометото. Точно за коку не се знае но секако дека ќе има негативно влјание. Иако ваквата реформа за нас важи од 2020 сметаме дека е рано за ваков данок. Очекувавме дека државата ќе воведе прогресивен данок барем кога Македонија ќе влезе во ЕУ, рече Андреј Брокер.

Иако од УЈП признаваат дека имаат недостаток на  кадар во ИТ секторот ,  уверуваат дека се подготвени за новата даночна реформа.

Со даночната реформа   дивидендите, капитални добивки, кирии,  доход од капитал, добивки од игри на среќа ќе  се даночат со стапка од 15 проценти.