Бизнис
13. January 2016 - 20:26

Програмата за рурален развој го менува ликот на малите општини

Руралните  средини добиваат модерен и современ изглед, а граѓаните подобри услови за живот. Владината програма за рурален развој и поддршка во земјоделството го менува ликот на малите места. Од локални патишта и улици, водоводи и канализации, туристички локалитети па се до  мали плоштади и паркови беа изградени во изминатите неколку години во голем број населени места  благодарение токму на програмата за рурален развој.

Ново Село е само една од општините која минатата година преку оваа програма  реализираше неколку проекти вредни 10 милиони денари. Годинава општината има одобрено двојно повеќе средства, дел од нив се  наменети за изградба на пат, а поголемиот дел за мали паркови  во седум населени места.

-Вкупната вредност за изградба на овие паркови е 11милиони и 300 000 денари. Средствата ги обезбедивме преку агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Овие средства кои ги добиваме се од големо значење за нашите општини, односно за малите општини и руралните средини бидејќи ние ги немаме тие финансиски средства за реализација на овие проекти и знчат многу  за развој на нашите општини, вели Блажо Велков – градоначалник на општина Ново Село

Реализацијата на проектите одобрени од последниот повик ќе запоне наскоро, а во меѓувреме општините интнзивно ги подготвуваат новите проекти со кои ќе аплицираат оваа година. Според најавите годинава владата планира да изработи нова програма за рурален развој и поддршка на земјоделството во износ од 2,46 милијарди денари или околу 33 милиони евра.