Loading Video...
Бизнис
5. November 2020 - 16:38

Прогноза на ЕК - македонската економија ќе се врати на растот пред пандемијата дури во 2022 година

Македонската економија ќе се врати на курсот што го имаше пред кризата дури во 2022 година. И Европската комисија како и другите меѓународни институции прогнозираат дека догодина закрепнувањето ќе биде недоволно. Според ЕК, годинава минусот на БДП ќе изнесува 4,9%. Оваа проекција е полоша од претходната, тогаш комисијата прогнозираше дека БДП ќе падне за 3,9%.

Најголем проблем е домашната побарувачка. И покрај владините мерки таа останува пригушена, а домаќинствата трошат помалку и заради драстично намалените дознаки од странство.

Минусот во буџетот годинава е проектиран на нешто под милијарда евра, или како што велат од Комисијата, годинава е значително проширен. Постепено намалување се очекува во 2021 и 2022 година.

Пазарот на труд, засега се држи добро, констатира ЕК. Заради зголемувањето на вработувањата во изминатите години, овој сегмент забележа мал пад во вториот квартал, но заради владините мерки, губењето работни места ќе биде млако до крајот на годината. Во зависност од закрепнувањето, состојбата ќе се подобрува во следните две години.

Прогнозата на Европската комисија за земјава е на средина меѓу прогнозите на ММФ и Владата. Власта смета дека падот во 2020 ќе изнеусва 4,4%, ММФ прогнира минус од 5,5%.