Прогласување на петте најдобри бизнис плана за млади претприемачи
Во организација на Министерството за економија денеска ќе се одржи третата манифестација за прогласување на најдобрите пет бизнис плана во рамки на Проектот - Организирање на бизнис натпревар „Биди перспективен започни свој бизнис“.
Манифестацијата има за цел поттикнување на претприемничкиот дух меѓу младите, преку подготовка на студентите и младите претприемачи за отпочнување на сопствен бизнис.
Пред присутните ќе се обрати министерот за економија Беким Незири, кој воедно и ќе ги додели ваучерите за најдобрите пет бизнис планови за 2015 година. На настанот ќе бидат и Велимир Стојковски, ректор на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ - Скопје, Вулнет Амети, ректор на Државниот Универзитет во Тетово и Замир Дика, ректор на Универзитетот на Југоисточна Европа.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација