Македонија
6. October 2016 - 19:26

Прогласени најдобрите училишни веб сајтови

Основното Малина Попиванова од Кочани и средното  училиште  Здравко Цветковски од Скопје се добитниците на првите награди за најдобар училишен веб сајт.

МОН им додели интерактивни табли кои ќе ги збогатат предавањата со поинтересни содржини. Натпреварот се организира втора година по ред и ги стимулира младите да ја покажат својата креативност, иновативност и да ги развијат информатичко комуникациските вештини.   

За учениците апликацијата претставувала голем предизвик а нивна цел била веб страната  да ја направат лесно достапна, информативна и интересна за оние кои сакаат да се запишат во нивното училиште.

На конкурсот се јавиле 9 средни и 8 основни училишта од МАкедонија чии апликации ги разгледуваше  комисија составена од претставници од МОН и ФИНКИ. Во потесен круг  на натпреварот беа „Ванчо Прке“ од Штип, „Св. Климент Охридски“ од Охрид, средните  „Кирил и Методиј“ од Неготино и „Михајло Пупин“ од Скопје.

Примената на оваа стимулативна мерка  продолжува и во новата учебна 2016/2017 за што веќе е објавен јавниот повик.