Loading Video...
Свет
27. November 2018 - 16:33

Прогласената воена состојба во Украина ќе ја зголеми тензијата во односите со Русија

Од утре во Украина стапува во сила  воената состојба  која ќе трае 30 дена. Мерката  според Кремљ може да доведе до ескалација на тензиите во конфликтниот регион во југоисточниот  дел на Украина.  Украинскиот парламент одобри воведување воена состојба по поморскиот инцидент  со Русија во неделата.  И покрај повиците од Западот и Украина, Русија  одбива  да ги  ослободи  припадниците на украинската  морнарицата и да ги врати трите брода што  ги заплени  кај теснецот  Керч во близина на Крим. На војниците  ќе им суди за  нелегално влегување во руски територијални води. Киев останува на ставот дека не биле прекршени  правилата на меѓународниот поморски закон.  Според Москва,  Киев намерно провоцира за да  претседателот Порошенко ја зацврсти власта а Западот да воведе нови санкции против Русија. Германија се понуди ако треба да посредува мегу двете страни  во намалување на тензиите. За првиот директен судир помеѓу руската и украинската   војска во последните 4 години се огласи и Трамп.

-Никако не ми се допаѓа ова што се случува. Се надеваме дека тоа ќе биде решено. Подготвен сум со европските лидери да работам за надминување на ситуацијата, изјави претседателот на САД Доналд Трамп.

Путин пак во наредните денови ќе даде изјава за поморскиот инцидент.