Свет
18. November 2015 - 10:27

Прогласена вонредна состојба и во француските прекуморски територии

Франција одлучи да ja прошири вонредната состојба на своите прекуморски територии, соопшти министерот Жан-Пол Ланжевен.

– Владата одлучи да ја прошири вонредната состојба на Гвајана, Мартиник и Мајоте, изјави францускиот министер за прекуморски територии.

Мерката се однесува и на Сен Бартелеми и Сен Мартен, две француски територии на Карибите како и островот Реунион во Индискиот Океан.

Вонредната состојба во Франција беше прогласена по терористичките напади во Париз во кои загинаа 129 луѓе.