Бизнис
16. December 2019 - 16:46

Профункционира Националниот портал за електронски услуги-достапни 127 услуги од 28 институции

Кој ќе чека ред заминува во историјата. Граѓаните ќе бидат на прво место и  ќе можат електорнски да ги добиваат услугите без да чекаат по  шалтерите на институциите. Пуштен е во употреба порталот услуги.гов.мк преку кој ќе може да се добиваат документи и услуги и да се плаќаа административни такси и надоместоци со картичка што значи веќе нема да чекаат ниту во банките.

Националниот портал кој е направен во соработка со ЕУ и УСАИД. Засега во електронска форма се достапни 127 услуги од 28 институции. Во иднина тој број ќе се зголемува и ќе стигне до 1.300 услуги. На него најавувањето ќе се врши со маил и лозинката од УЈП. Овој портал ќе стави крај е дел од борбата со корупцијата.

Од денеса преку порталот ќе можат да се добијат потврди од Министерството за труд и цоцијала, од Агенцијата за вработување М1 и М2, М4 од ПИОМ. Порталот е лесен за употреба и за лицата со попреченост и е достапен на македонски, албански и англиски јазик. На јавниот дел можат да се добијат сите услуги без најава и идентификација, но приватниот дел е достапен само за евидентирани и регистрирани лица.