Бизнис
16. March 2020 - 8:40

Профитот на саудиската нафтена компанија „Сауди Арамко“ опаднат за 20 отсто

Саудискиот нафтен гигант „Сауди Арамко“ соопшти дека профитот во 2019 година му е опаднат за 20 отсто, на 88, 2 милијарди долари.

Компанијата не одговорила на плановите на Саудиска Арабија да го зголеми производството на рекордно ниво по состанокот што беше оддржан  претходно овој месец меѓу ОПЕК и Русија, кога не се постигна договор околу намалувањето на производството, пренесуваат американските медиуми.

Тоа доведе до пад на цената на сировата нафта за 25 отсто, што е најголем пад од војната во Заливот во 1991 година.

Меѓународната рефернетна марка нафта „Брент“ вчера се тргуваше за малку над 33 долари за барел, а аналитичарите се загрижени дека цената може дополнително да се намали.

Иако сето ова бензините ги прави поевтини за потрошувачите и авиокомпаниите, тоа сепак влијае и врз американските нафтени компании и остантите кои се борат со понискиот економски раст заради пандемијата од коронавирусот.

За своите резултати „Сауди Арамко“ ја обвини пониската цена на сировата нафта и падот на маржите за продажба на хемиските производи заради намалувањето на профитот.

Компанијата го наведе и хаосот што беше предизвикан од септемврискиот вооружен напад врз нејзините постројки, што привремено го преполови производството во Суадиска Арабија.

Саудиска Арабија и Западот за нападот го обвинуваат Иран, што Техеран го негира.

„Сауди Армако“ наведе дека во 2019 година имал профит од 88,2 милијарди долари, што е помалку отколку во 2018 година, кога тој изнесувал 111,1 милијарди долари.