Професорка завела 15-годишен ученик на Фејсбук: Го носела во хотели за секс, но тоа го правеле и во училиштето
Поранешната професорка Алис Мекбреарти од Лондон, која била во едногодишна врска со својот 15-годишен ученик, е осудена на 16 месеци затвор.
Таа е прогласена за виновна за сексуални односи со дете, а по изрекувањето на пресудата се расплакала и лицето го покрила со раце.
Судијата нагласил дека Алис можела да ја препознае разликата меѓу добрите и лошите постапки, но дека сепак имала сексуални односи со малолетник.
Алис со својот ученик се состанувала по хотели, а понекогаш се бакнувале и во училницата ако останеле сами. Мекбреарти детето го запознала и со своите родилите, пишува Sky News.
"Го прифаќам фактот дека детето прифатило да има секс со професорката, но кој 15-годишник би одбил толку атрактивна понуда? Прифаќам и дека сте биле искрено заљубени еден во друг и дека годините немаат врска со љубота. Но сега имаат. Важата должност била да го заштитите и да го научите да донесува правилни одлуки, а вие сте го направиле спротивното - сте му помогнале да донесе погрешни", навел судијата.
Врската започнала на иницијатива на професорката, која на ученикот му пратила покана за пријателство на Фејсбук. Биле заљубени и се дружеле по хотели, ресторани и паркови.
На врската и дошол крајот кога таткото на детето дознал и ја известил полицијата. Алис во меѓувреме останала без работа, а сега ќе мине и година и четири месеци во затвор.
Ново на Сител
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи