Живот
17. August 2017 - 14:35

Професорка силувала ученик - Детето се разболело и преживеало вистински пекол

Професорка која силувала 15 годишен средношколец, мора да му плати на тинејџерот оштета во износ од милион долари.

Момчето заедно со таткото поднел тужба против Џенифер Касвел и локалната училишна област Холис 2015, откако таа го силувала во училнца.

- Детето е во депресија, осамен и се обвинува себе си поради тоа тоа што се случило, вели судијата Робин Котрон објаснувајки ја пресудата и додала дека доживеал понижување кога луѓето негативно зборувале за него, а непознати го препознавале на улица и го испрашувале за скандалот.

Ученикот, кој некогаш бил омилен спртист во училиштето, станал предмет за потсмев откако била објавена врската со професорката.

Адвокатот кој го застапува несреќното дете и неговиот татко, изјавил дека тие поднеле тужба со желба да се сврти вниманието за сексуалното злоставување во училиштата.

- Мило ни е што судијата што го увидела срамното однесување на професорката и упати порака до сите наставни лица низ Оклахома дека сексуалното искористувањ на деца нема да биде толерирано, изјавил таткото на детето.