Македонија
20. April 2019 - 19:32

Професорите од Битола бараат законски мерки за да се зачуваат младите таленти

Да се преземат итни мерки со цел бројот на надарените и талентираните кои ја напуштаат државата да се стопира, вели проф. Д-р Љупчо Кеверески од Педагошкиот факултет во Битола.

-Надарените и талентираните студенти се на последниот праг пред излез и токму од тие причини сметаме дека е алармантна состојбата и ситуацијата. Да се преземат итни законски нормативни и други мерки, со цел да се подобри концептот и квалитетот во високото образование, или со други зборови да се најдат некои модели како надарените и талентираните да се задржат во нашата држава бидејќи тие се една од најрентабилните инвестиции, ВЕЛИ ПРОФ ДР ЉУПЧО КЕВЕРEСКИ, ПЕДАГОШКИ ФАКУЛТЕТ БИТОЛА.

-Ги имаме во нашите редови, но некако ни одат низ раце во западниот свет. Затоа време е да продискутираме за начините и можностите како тие да останат и нивниот талент да биде благодет за нашата земја, рече ПРОФ.ДР. САШО КОРУНОВСКИ, РЕКТОР НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“-БИТОЛА.

Кои се најчестите причини поради кои младите и талентирани луѓе ја напуштаат државата?

-Резултатите говорат дека надарените и талентираните не ја напуштаат државата најнапред заради материјалните и егзистенцијални причини , но постојат и други психолошки карактеристики како на пример неможност да се развиваат во академска смисла, некакви сомнителни критериуми за успех, пад на вредноста на квалитетот, и уште други атрибути, вели проф.д-р Кеверески.

Според него, прашањето за одливот на мозоци е комплексно прашање и своевиден феномен кој што се случува секаде и не е само во нашата земја.