Македонија
6. March 2021 - 16:54

Професор во средното музичко училиште во Струга шест години работи хонорарно

Со надеж за подобро утре 28 годишниот професорот по хармоника Стефан Нестороски од Струга шест години чека решавање на работниот статус. Дипломирал на музичка академија во Бугарија, а моментално работи како хонорарец со месечен договор на дело ,нередовни примања и без стаж во средното музичко училиште Тодор Скалоски во Струга, а за време на летниот распуст е без работа оставен на милост и немилост сам да се снаоѓа во општеството. Тој секој месец се пријавува во Заводот за вработување како активен барател на работа.

И покрај дописите како од училиштето така и од Нестороски до надлежните министерства во кои се бара трансформација на работниот однос од сето тоа се уште ништо ,нивните барања останале безуспешни, вели Стефан Нестороски-професор по хармоника 

Стружанецот Нестороски е вљубеник во хармониката и својата работа а доказ за тоа се и бројните освоени награди . Животната приказна на овој млад човек не е многу поразлична од оние, кои со години неможејќи да го решат работниот статус заминуваат и својата иднина ја бараат надвор од државата, вели Стефан Нестороски-професор по хармоника