Живот
22. September 2016 - 9:36

Професор и ученик од осмо се степале на час - млад наставник остана без работа!

Млад наставник по историја морал да го напушти основното училиште во руски Јекатеринбург откако физички се судрил со ученик од осмо одделение.

Судирот настанал кога наставникот ги собирал домашните работи од учениците. Ученикот кој не ја сработил домашната задача, не сакал да ја предаде тетратката, па наставникот одлучил да му ја земе на сила.

Но, ученикот не се предавал, па наставникот го фатил тинејџерот и го фрлил на клупа. Останатите ученици снимале со мобилни телефони.

По инцидентот, наставникот останал без работа.