Македонија
31. October 2019 - 16:51

Професионалните војници над 45 години нема да останат на улица, заминуваат во затворската полиција

Професионалните војници со навршени 45 години од утре на нови работни места. Кариерата ќе ја продолжат во казнено поправните установи низ земјава.  

Со оваа одлука на ресорното Министерство се решава статусот за првата група од 97 војници, на кои по навршувањето на 45-тата година им престануваше професионалниот ангажман во Армијата.

Војниците ќе добиваат работни задачи согласно со нивното работно искуство, главно како обезбедување во затворите

Војниците ќе се водат под Управата за извршување на санкции, чиј прв човек рече дека затворската полиција добива обучен кадар

Од Министертвото велат дека од одлуката задоволство изразиле сите синдикати и здруженија од одбраната. Најавија дека проектот ќе важи и за сите оние војници, кои во иднина ќе наполнат 45 години.