Македонија
18. February 2017 - 10:11

Проектот „Сподели Радост" претставен во Софија

Во КИЦ на Република Македонија во Софија синоќа беше претставен проектот „Сподели Радост", подготвен од македонски уметници кои живеат и работат во Бугарија.
 
Актерот Иван Калошев и режисерот Ѓорги Георгиев-Антика интерпретираа стихови од познати македонски поети, а ликовните уметници Маријана Иванова, Марјан Ѕин, Перица Георгиев-Пепси, Зоран Мише, Горан Тричковски, Павел Целкоски, Слободан Милошески и Иво Пецов свои ликовни дела.
 
Публиката, освен каталози од изложбата, имаше можност да добие и пригоден рекламен материјал за туристичките можности на нашата држава, подарок од Агенцијата за промоција и поддршка и на туризмот на Македонија.
 
Проектот поддржан од Министерството за култура, го отвори директорот на Центарот Васко Шутаров кој пред присутните ја претстави и годишната „Програма 2017" со која во преку 30 проекти ќе биде презентираната македонската култура во Софија и десетина други градови во Бугарија.